Articles

Драги наши, 

 

Еве нè со ново соопштение. 

Решивме сепак да продолжиме со online часови, така што сакавме да ве известиме сите што сте заинтересирани да му пишете на својот професор, во групите што ги имате или во приватна порака. Цената на курсот ќе остане иста, со таа разлика што ќе ја плаќате ратата преку жиро сметката на студиото, а ќе ви ја даде вашиот професор. Ова не важи за тие што ја имаат платено сумата однапред. Значи продолжувате со плаќање на втора рата или трета, зависно од тоа до каде сте со плаќањето. Тоа е финансискиот дел.  

Часовите ќе бидат организирани по степени. Секој професор ќе работи со своите групи, со таа разлика што сега ќе се спојат оние што посетуваат ист степен. На пример сите Б1.1 ќе имаат заедно часови. Дополнителни вежби ќе добивате на некоја од платформите за учење или во друга форма, нешто што ќе го договорите со својот професор.  

За тие што се подготвувате за испитот DELEрешивме да ги прекинеме часовите сега и да ги продолжиме во септември. Така ќе се подготвиме за испитот во ноември. 

 Ви посакуваме убави часови на сите што ќе се решите за тоа. Се надеваме дека ќе биде успешно, затоа што и за нас ќе биде новина работење со цели групи на овој начин. 

 

Бидејќи часовите ќе со одржуваат online, постои можност за формирање А1 групи

  

Со љубов,

тимот на Casta Diva