Импресии и искуства на наши слушатели

Кога сте љубител на изучување странски јазици, постојано размислувате кој ли уште јазик би можел да го научам. Така беше и во мојот случај. Изборот на јазиците кои ги изучував секогаш доаѓаше спонтано и незнајно, па така ако денеска ме прашате зошто токму шпанскиот јазик, нема да знам да ви одговорам. Но, ако ме прашате каде го изучував и зошто, веднаш ќе ви кажам: во Каста Дива, затоа што тогаш, а и сега, и покрај многуте училишта за странски јазици, сметам дека кога се работи за квалитет, сепак еден е изборот! 
За мене Каста Дива не беше само обично училиште во кое свраќате два пати во неделата на курс по шпански јазик, затоа што местата ги прават луѓето, а Каста Дива е неверојатен спој на одлични професори и прекрасни луѓе кои на школото му даваат посебен скопски шмек со доза на шпанска култура.
Иако поминаа неколку години од моето „дипломирање“ во Каста Дива, јас и денеска се чувствувам како дел од нивниот тим. Благодарение на нив го усовршив шпанскиот јазик и со нивна помош започнав да се занимавам со стручни преводи. Меѓународната диплома за познавање шпански јазик ДЕЛЕ, особено ми помогна во моите професионални ангажмани на два проекти финансирани од ЕУ и спроведени од меѓународни шпански фондации.
Им должам многу на луѓето од Каста Дива, и знам дека звучи лошо што за нив зборувам во множина, но Јасмина, Ненад, Сани, Ирена, Маја и сите други кои се дел од професорскиот тим, морате лично да ги запознаете и да сфатите дека сте го направиле вистинскиот избор што сте им ја дале довербата да ве научат да зборувате шпански или друг странски јазик. 
Изучувањето јазици е процес што трае, исто како што засекогаш ќе трае мојата почит, благодарност и љубов кон Каста Дива!
Кирил Стојановски