Импресии и искуства на наши слушатели

        Мојата љубов кон шпанскиот јазик трае од првиот изговорен збор на десетгодишна возраст кога ми беше само магичен звук. Таа мелодија на јазикот беше страст која постојано ме враќаше кон желбата еден ден да го изучувам овој јазик. Желбата конечно стана стварност десет години подоцна кога ја открив „Каста Дива“. Моето дружење со „Каста Дива“ започна речиси од почетокот на постоењето на студиото и навистина се чувствувам привилегирано што имав можност да уживам во растењето и развојот на училиштето.

        „Каста Дива“ е посебно, креативно, инспиративно место. Таму изучувањето на шпанскиот јазик е вистинско живеење на јазикот преку целата есенција која го прави јазикот дел од човекот и неговото создавање на културата, уметноста, традицијата, гастрономијата и затоа често велам дека е повеќе од училиште. Тоа е причината зошто и по седум години од завршувањето на четиригодишното изучување на јазикот и добивањето на меѓународната диплома (DELE) за познавање на јазикот, повторно сум со неговиот креативен и посебен тим. Најискрено сум благодарна за сета инспирација, искрениот и отворен пристап, за секогаш насмеаните и позитивни лица, за љубовта која таму е заразна, за среќата од која потоа ми е топло во душата и најмогу за остварувањето на мојата желба за целосно чувствување, живеење и дишење во ритамот на шпанскиот јазик.

 

Атина Кичева