Студиото Каста Дива е единствениот специјализиран центар за изучување на шпанскиот јазик во Македонија, признаен од Институтот Сервантес како Испитен центар за добивање на меѓународно признатата диплома по шпански јазик DELE. Уште од своето отворање функционира како Шпански културен центар, каде што можете да се информирате за сè во врска со хиспанската култура.

Во студиото, покрај шпанскиот, се изучуваат и италијанскиот, францускиот, турскиот, рускиот и грчкиот јазик. Основано е во 1998 година и оттогаш наваму нуди професионална јазична обука за сите возрасти и степени, во согласност со Заедничката европска рамка за изучување јазици. Од септември 2011 студиото се префрли во нови простории, каде што располага со пријатен амбиент што овозможува опуштено следење на часовите во групи со најмногу 11 слушатели. Капацитетот на училиштето е за околу 200 слушатели во 5 училници.

Сите јазици се изучуваат по најсовремени методи, а се збогатени со дополнителни материјали, одбрани за да ги задоволат сите вкусови и потреби. Наставата се прилагодува на возраста на слушателите, а нуди исклучително обемен културолошки осврт на земјата од која потекнува јазикот и каде што тој се користи. Нашите слушатели имаат можност да се запознаат со земјите преку слушање музика, гледање филмови и читање книги од нашата библиотека. Единствено преку нашето студио можете да ја користите библиотеката на Амбасадата на Шпанија во Македонија.

Каста Дива организира и студиски посети во Шпанија, со што сите вљубеници во шпанските историја и уметност имаат можност да ги видат одблиску ремек делата на шпанските уметници, посетувајќи ги најважните музеи во Мадрид, Толедо, Сеговија и Валенсија.

Каста Дива се залага за подобрување на стандардите и условите за учење, како од професионална, така и од методолошка гледна точка, давајќи им на своите слушатели највисок квалитет во наставата. Долгогодишното искуство на нашиот наставен кадар гарантира за високиот квалитет на часовите.

Покрај образовната дејност, студиото врши и преведувачки и толкувачки услуги на сите јазици, вклучувајќи го тука и англискиот.


Каста Дива ви посакува добредојде во светот на јазиците