Курсеви според Заедничката европска референтна рамка  - Основни курсеви што се посетуваат два пати неделно по 90 минути во текот на четири месеци. Овие курсеви се во согласност со ЗЕРР и се поделени, според потребите на секоја група одделно, на повеќе нивоа, за шпански, италијански, француски, турски, руски и грчки јазик.


Специјализирани курсеви - Во рамките на овие курсеви можете да одберете еден од курсевите што се одржуваат во студиото, а можат да бидат специјализирани за некоја област, како медицина, бизнис,  шпанска култура и цивилизација или пак да го посетувате театарскиот клуб.


Летни интензивни курсеви - Овие курсеви се наменети за оние што сакаат да изучат еден степен во летниот период, односно во јуни и јули. Организирани се во три или четири недели, во кои се посетува настава четири или пет пати во неделата.


Летни курсеви во Малага
- Долгогодишна успешна соработка со реномирано училиште за шпански јазик во Малага, Андалузија. За време на едномесечниот престој во Малага се посетуваат тринеделни курсеви по шпански јазик, а една недела се користи за слободни активности и посети на други градови или едноставно уживање на убавите плажи на Брегот на сонцето. Училиштето организира екскурзии на најживописните градови на Андалузија, сведоци на мешањето на трите култури во Шпанија во изминатите векови - Севилја, Кордоба и Гранада.

Детски курсеви  - Курсеви по шпански јазик адаптирани за најмалите. Изучувањето на јазикот е со користење методи за деца, прилагодени на нивната возраст - од 6 до 9 или од 9 до 12 години.