Пред сè сметам дека познавањето на било кој странски јазик е богатство. Иако ова сигурно сте го слушнале многупати досега, мојата приказна стои само како уште еден доказ за оваа вистина. Имајќи највисоко ниво на познавање на англискиот јазик и основни познавања од францускиот, се најдов себеси запишана на студии по археологија кои ми оставаа многу слободно време. Решив да го искористам запишувајќи се на курс по странски јазик, било кој. „Каста Дива“ ми беше препорачана како најдобро студио за изучување на шпанскиот јазик и култура, предводено од тим на исклучителни професионалци. Денес, по 8 години можам слободно да кажам дека тоа беше најдобриот избор што можев да го направам. Иако на почетокот немав никаква намера ниту пак цел, Каста Дива, акредитирана од институтот Сервантес како центар за добивање меѓународни дипломи за познавање на шпанскиот јазик (DELE), ми овозможи да ги полагам сите испити кои се гаранција за мојот највисок степен на познавање на јазикот. Благодарение на тоа, иако ни од далеку не замислував, шпанскиот јазик ми отвори многу врати на професионално ниво. Започнав со пишани преводи, па потоа следеа консекутивните, а денес работам како преведувач на проект финансиран од ЕУ. Анастасија Анакијева