"Во јазичното студио Каста Дива од Скопје поминав четири години интензивно учење на шпанскиот јазик во кои имав можност како за професионална така и за персонална надоградба. На мое огромно задоволство часовите беа исполнети и со незаборавна дружба со професорите и соучениците која трае и до ден денес. Стекнатата наобразба секако претставува значаен дел од моето понатамошно школување и магистрирање во Шпанија, како и севкупно од моите професионални достигнувања. Сето тоа можеби и немаше да се оствари да не беше поддршката од Каста Дива во моментите кога ми беше најпотребна, за што сум искрено благодарен". Бојан Шимбов