Секогаш кога сакам да објаснам зошто баш со Шпанија имам љубов која трае и трае, ми недостасуваат зборови кои би можеле да опишат колку ја сакам! А најверојатно и таа мене, затоа што кога сум таму чувствувам дека сум дома. Доколку треба да зборувам за мојата шпанска приказна, јас би рекла дека го сакам шпанскиот јазик откако сум родена! Дури понекогаш и си помислувам дека некој мој предок бил шпанец :). Како и да е, официјално започнав со изучување на јазикот во „Каста Дива” откако се вратив од Барселона во која  се заљубив! Па дури и бев убедена дека ќе студирам хиспанска филологија иако за жал, катедра по шпански јазик во Македонија  сè уште нема. Сани беше мојата прва „profesora”, потоа следуваше Ненад и секако Јасмина. Секој од нив придонесе за мојот успех на испитот „DELE Nivel Superior” годинава. Но, поважно од тоа е дека со нивните часови направија да ја засакам шпанската култура, луѓето, кујната, начинот на живот. Едноставно, ми ја врежаа во срцето. Со летните курсеви кои ги организира „Каста Дива” ја запознав најубавата Андалузија, а и посетата на Мадрид ми буди прекрасни спомени со многу нови пријателства.  „Каста Дива” е мојот втор дом каде што го учам тоа што го сакам, зборувам на јазикот кој го сакам и сум опкружена со позитивни луѓе со кои ја делам мојата љубов за Шпанија.

Симона Соколовска