ПРВ ИСПИТЕН ЦЕНТАР ЗА ИСПИТИ DELE ВО МАКЕДОНИЈА 

Студиото Каста Дива е првиот признаен Испитен центар во Македонија од Институтот Сервантес, каде што можете да добиете меѓународно призната диплома по шпански јазик DELE. Испитите DELE за прв пат се одржаа во 1998 година во Скопје, годината кога се воспоставени од Институтот Сервантес како меѓународен испит што се полага во целиот свет и имаат меѓународна важност. Испитите се одржуваат двапати годишно, во мај и во ноември. Професорите се обучени и акредитирани испитувачи за овие испити од Институтот Сервантес. Во студиото се вршат и комплетни подготовки за испитот за сите нивоа. Повеќе информации на https://examenes.cervantes.es/es/dele/que-es