Уписите за зимскиот семестар 2023/2024 се во тек и траат до започнувањето на часовите, на 13 септември.
Единствениот специјализиран центар за изучување шпански јазик ти посакува добредојде во еден нов свет, свет на различности, каде учењето шпански е извонредно искуство кое ќе ти отвори нови видици за хиспанската култура. Биди еден од оние 600 милиони говорители на шпанскиот јазик во светот. Научи го јазикот на иднината, јазик кој се зборува на сите континенти.
Стани и ти дел од CASTA DIVA
SIMPLEMENTE ESPAÑOL
И оваа година ве покануваме на дружење со учење во реномирано училиште во Малага.
Учете шпански јазик во еден од најубавите градови на Шпанија. Искористете го летниот одмор корисно - извонреден спој на учење со забава. Посетете ги градовите на многувековните цивилизации и прекрасните плажи на Медитеранот и Атлантскиот океан.
Местата се ограничени, побрзајте.
Малага те чека, дојди
Драги наши,
Оваа година е нашиот 25 јубилеј. Низ сите овие години се потрудивме да ви бидеме посветени и да ви ја пренесеме сета љубов за шпанскиот јазик. Во текот на сите овие години имавте можност да се дружите со нас на многу јазици - шпански, италијански, француски, германски, турски, грчки, руски и португалски. Во еден момент решивме да му се посветиме само на шпанскиот јазик и да станеме тоа што и бевме од почетокот - единствен специјализиран центар за изучување на шпанските јазик и култура. На нашиот пат бевме придружени од многу професори и уште повеќе ученици. Успеавме да создадеме големи професионалци кои продолжија да работат со шпанскиот јазик како преведувачи и толкувачи и како книжевни преведувачи, а тоа е најголемиот успех што можевме да го посакаме за нашата посветеност.
CASTA DIVA, како културен центар, остави голем белег во нашиот град, но и пошироко. Дел сме од овластените испитувачки центри на Институтот Сервантес и овластени сме за испитот DELE во Македонија, но сме често одбрани како испитен центар и од луѓе од соседните земји. Менувавме простори, изглед, се модернизиравме, се прилагодувавме на сите промени во нашето општество и на светските трендови. Растевме и се подобрувавме за да станеме препознатливо име, секогаш користејќи современи методи за изучување на јазикот.
Во сите овие години дававме поддршка на сите ранливи групи и се боревме за надминување на секаков вид дискриминација. Организиравме мноштво забави, некои за добротворни цели, но и екскурзии низ речиси сите делови на Шпанија. Посетивме многу градови со цел да се запознаете одблиску со културата на земјата. Повеќе од дваесет пати организиравме летни курсеви во Малага, каде што ги споивме учењето и забавата на едно место. Но она што нѐ прави посебни и единствени се душата и посветеноста што ги внесуваме во нашето работење, правејќи го учењето на јазикот забавно, за да му втиснеме на секој еден еден мал белег од нас и да му отвориме нови хоризонти во животот.
Дваесет и пет години растеме и се менуваме со вас
Горди сме што сте дел од CASTA DIVA
INSCRIPCIÓN
La inscripción para todas las convocatorias del año 2023 está abierta desde el 9 de NOVIEMBRE de 2022
CONVOCATORIAS
12 y 13 de MAYO - cierre del plazo de inscripción: 15 de marzo
17 y 18 de NOVIEMBRE - cierre del plazo de inscripción: 11 de octubre
Bienvenidos a CASTA DIVA
Во дваесет и втората година од нашето постоење продолживме обновени, редизајнирани и осмилени за новите предизвици. Решивме 2020 година да биде почеток на една нова ера и затоа направивме неколку промени. Првото нешто е промена на логото, редизајнирано и модернизирано. Втората промена се просториите. Нашето ново училиште ги задоволува сите критериуми на модерен центар за учење со почитување на препораките за безбедно одржување на часовите.
Ние, тимот од студиото кое секогаш се трудело да биде дом за сите наши слушатели, ќе се обидеме и во иднина да понудиме најмногу што можеме за да ги задоволиме вкусовите на сите оние што ќе се решат да бидат дел од нашата каста.
Низ годините се менувавме, еволуиравме, се надградувавме, се модернизиравме и приспособувавме на современите текови, но секогаш останавме верни на нашата првична идеја - да бидеме семејство и да негуваме различности.
Нашите слушатели не се обични клиенти, тие се дел од нашето
КАСТА ДИВА семејство
При посетата на студиото мораме да се придржуваме кон следниве мерки за заштита од COVID-19:
Часовите ќе се одржуваат во три групи термини, секој од нив со десет минути разлика од другиот. Односно за еден вообичаен термин ќе има три различни:
16:50/17:00/17:10 за првиот термин,
18:30/18:40/18:50 за вториот и
20:10/20:20/20:30 часот за третиот термин.
На тој начин слушателите од различни групи нема да се сретнуваат во ходникот. Затоа, секој слушател ќе доаѓа точно во својот термин и нема да се задржува во ходниците.
Децата кои ќе доаѓаат со придружба, ќе бидат оставени пред вратата на студиото, а родителот нема да влегува во просториите. Ако мора да влезе за да изврши уплата, ќе го направи тоа во најкусо можно време.
На влезот, а и во сите простории ќе бидат поставени средства за дезинфекција на рацете, а ќе биде задолжително носење заштитна маска/покривка за лице за целото време на присуство во студиото.
При влегување ќе се дезинфицираат и обувките.
Вработените во студиото ќе носат заштитна маска/покривка за лице и/или заштитни визири.
Сите простории ќе бидат редовно чистени и дезинфицирани.
Масите ќе се дезинфицираат по секој одржан час, а просториите ќе се проветрат.
Сите помошни простории ќе бидат дезинфицирани, влучувајќи го и тоалетот.
И секако, ќе се внимава на безбедното растојание меѓу присутните.
Во студиото нема да се служат вода, сокови, кафе и храна.
МОЖЕТЕ ДА ПЛАТИТЕ ДИРЕКТНО КАЈ НАС ИЛИ ЕЛЕКТРОНСКИ
При електронско плаќање, во полето ЦЕЛ НА ДОЗНАКА внесете го името и презимето на лицето за кое се плаќа и ратата што се плаќа.Ул. Црвена вода, 37А-4, 1000 Скопjе
Комерцијална банка АД Скопје
ДЕЛ СМЕ ОД УРБАНОТО ЖИВЕЕЊЕ ВО ГРАДОТ И ПОСТОЈАНО СЕ БОРИМЕ ЗА УРИВАЊЕ СТЕРЕОТИПИ И СПРЕЧУВАЊЕ ДИСКРИМИНАЦИЈА