За почетници што немаат познавања за јазикот. Се стекнувате со основни познавања за јазикот и една секојдневна комуникација.
Се стекнувате со способност да разберете секојдневни фрази и изрази поврзани со искуството и да опишете минати дејства.
Се стекнувате со способност за разбирање едноставни текстови на познати теми. Лесно снаоѓање во ситуации од секојдневниот живот.
Се стекнувате со способност за разбирање сложени текстови на конкретни или апстрактни теми. Детално и течно изразување на одредени теми од своја гледна точка.
Се стекнувате со способност за разбирање тешки и сложени текстови. Изразувањето е течно и спонтано без виден напор.
Говорителот разбира речиси сѐ што ќе слушне или прочита. Изразот е лесен, спонтан и мошне прецизен.